Гаранција

ГАРАНТЕН ЛИСТ – B-Watch

Гарантниот лист потврдува дека Вашиот часовник поседува гаранција од 12/24/36 месеци, од датумот на купувањето и се однесува на фабричките недостатоци во однос на материјалот и изработката. Во гаранцискиот рок, поправката или замената на делови од часовникот ќе биде извршена без наплата, освен во случај на механичко оштетување, негрижа и непочитување на упатството за употреба. Без приложување на гарантниот лист, гаранцијата не важи. Поштарината, осигурувањето и трошоците на евентуалното праќање, ги покрива сопственикот на часовникот.

ВАЖНО!

1. Оваа гаранција не ги покрива стаклото, каишот, додатоците и батеријата на Вашиот часовник.
2. Гаранцијата не ги покрива оштетувањата настанати од вода, кога на позадината или бројчаникот од вашиот часовник не е јасно назначено дека тој е отпорен на вода.
3. Гаранцијата не ги покрива гребнатините и оштетувањата на кутијата (оквирот) како резултат на користењето.
4. Гаранцијата важи единствено ако е правилно пополнета, датирана и со печат.
5. Го задржуваме правото да ја откажеме гаранциската одговорност доколку часовникот го отворило или оштетило од сервисерот неовластено лице!
6. За се што не е нагласено во гарантниот лист, важат одредбите од Законот за заштита на потрошувачите.

СЕРВИС

  • Со оглед на високиот квалитет на Вашиот часовник, се обврзуваме секој часовник на кој во гарантниот рок се забележи недостаток, како фабричка грешка која не може да се отстрани во сервисот, да го замениме со нов. За реализација на ова, купувачот треба рекламираниот часовник да го предаде со оверениот гарантен лист на продавачот, кој истиот ќе го замени со нов.
  • Потрошувачот има законски права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и овие права не се загрозени со гаранцијата. Рокот по кој ќе постапиме по барањето на корисникот на гаранцијата за отстранување на дефектите и недостатоците, изнесува 30 дена.
  • За поправки вон гарантниот рок, купувачот може да се обрати на било кој квалификуван сервисер.

НАПОМЕНА:

Часовникот би требало да го отвори квалификуван часовничар. Редовната контрола на секои 12 месеци е неопходна за прецизна работа на Вашиот часовник. Барајте најнапред да се тестира водоотпорноста, покрај сервисниот преглед.

БАТЕРИИ

Сите кварцни часовници ги придвижува батерија и не е потребно да се навиваат.

  • Доколку кварцниот часовник застане, батеријата треба да се замени (кај сервисер).
  • Ставање на несоодветна и неквалитетна батерија може да доведе до трајни оштетувања на часовникот.

НАПОМЕНА:

Вистинскиот век на траење на батеријата може да биде пократок од специфицираниот ( откако часовникот е во Ваш посед ), бидејќи батеријата е вградена фабрички.

ГРИЖА ЗА ВАШИОТ ЧАСОВНИК

  • Вашиот часовник содржи високопрецизна, електронска минијатурна машина, па за да ја одржите неговата точност не би требало Вашиот часовник да го изложувате на силни удари, екстремни температури или силен магнетизам.
  • Пред користење на часовникот,информирајте се за неговата водоотпорност.
  • Доколку часовникот не е отпорен на вода, треба да водите сметка да не се наводени, бидејќи водата може трајно да ја оштети машината.
  • Секое непрофесионално отворање на часовникот ја нарушува неговата водоотпорност!
  • Часовникот во кој е влезена вода треба да се однесе во овластен сервис веднаш!

КУПОН ЗА ГАРАНЦИСКА ПОПРАВКА

Секој гарантен лист содржи купон за поправка во гаранциски рок. Во него е нагласен серискиот број на часовникот, рокот на важење на гаранцијата, како и датата на продажба. Во него се наведени и овластените сервисери, на кои можете да се обратите во случај на потреба.