Најквалитетни ременчиња за вашиот часовник од HIRSCH

Hirsch е австриска компанија која датира од 1756 година. Уште од самиот почеток успехот на компанијата е базиран врз основа на 3 вредности:

-  Долга и успешна традиција во изработката на кожни ременчиња
-  Постојана желба за развој
-  Амбиција за активно учество на пазарот и презентирање на новитети

Предизвик за нас беше да станеме застапник за HIRSCH во Македонија, пред се заради светски препознатливиот неспорен квалитет на кожните ременчиња за часовници зад кои стои овој бренд.
Квалитет, долговечност и усовршен естетски изглед  – тие се вистински експерти во комбинирањето на кожата со останати фини материјали.

Што е важно да знаете при изборот на ременче за вашиот часовник од HIRSCH?

  • Сите ременчиња се изработени од кожа
  • Водоотпорност до 100 метри – ова се првите ременчиња кои можат да издржат под вода и до 100 метри без да ја изгубат формата или бојата. Апсорбираат значително помалку и се сушат значително побрзо од обичните ременчиња.
  • Анти алергенски – во соработка со Универзитетската Дерматолошка Клиника во Виена, направени се анти алергенски ременичиња кои ве заштитуваат од речиси 100% од алергиите на кожата. Останатите делови се без присуство на никел.
  • Премиум каучук – Каучукот се смета за еден од најквалитетните материјали за функционални ременчиња. Гарантира долговечност и пријатно чувство на раката, еластичност, отпорност на вода и надворешни влијанија, УВ светла и хемикалии.
  • Алое вера – ременчиња кои ја негуваат кожата со алое вера додека го носите часовник
  • Алигатор дезен – Совршен алигатор принт во комбинација на посветли и потемни нијанси
  • Отпорни на гребнатини и надворешни оштетувања – Совршената изработка го штити ремчето од абразија и оштетување
  • Се препорачува еднаш во неделата да го перете со млака вода за да ги отстраните нечистотиите и мирисите кои се таложат на раката.
  • Добивате 1 година гаранција

Ременчињата на HIRSCH можете да ги најдете во нашите продажни салони
B-Watch Zenith во Старата скопска чаршија и во салонот во ГТЦ Скопје.

Доколку сте заинтересирани вршиме и бесплатна достава во Македонија (02/3209055).