Оглас за вработување за магационер и транспортер – b watch 1920

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот за Магационер и транспортер.

Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се подготвени да се докажат и да ги научат неопходните вештини за продолжување на својата кариера со искусен тим во областа.

Краток опис на работните задачи и одговорности:
– грижа за имиџот на компанијата
– примена на стандардите за работа
– градење и негување добри односи со потрошувачите, колегите и претпоставените
– примена на организациски вештини во Магацинските простории
– ориентираност кон препознавање на потребите на продажните салони
– секојдневна достава на роба и потребни материјали за работа во Скопските подружници
– евиденција на документи и реверси за сервис
– превземање на часовници и накит од царински терминал
– одржување на хигиена во магацинските простории

Потребни квалификации:
– развиени комуникациски и организациски вештини и подготвеност за тимска работа
– желба за понатамошно учење и развој
– совесност, одговорност и самомотивираност
– флексибилност и способност за адаптација
– самоиницијативност
– трпеливост
– способност за работа под притисок
– најмалку завршено средно образование
– општо познавање на MC Office програмите и интернет
– возачка Б категорија

Потребна документација:
– CV не постаро од 6 месеци
– пријавено образование во агенција за вработување

Вие добивате:
– мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се на прво место.
– можност за зголемување на плата во првите 6 месеци.
– обуки за менаџирање во логистика, професионален и личен развој
– обука за продажба на часовници и накит
– можност за работа со докажан тим за продажба.

Предност ќе имаат апликанти со работно искуство во областа на логистика, транспорт и комерција.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .

Ве покануваме доколку имате интереси и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата  и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 01.11.2019 на application@b-watch.com.mk.

                                                                                                                                                        

Ве очекуваме,
Тимот на b watch 1920