b watch 1920 вработува Графички дизајнер

v1 (2)

b watch 1920 како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на својот тим.
 
Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се докажани експерти во својата област и ги поседуваат неопходните вештини за успешно продолжување на својата кариера во нашиот искусен тим.
 
Краток опис на работните задачи и одговорности:

  • Изработка на креативни решенија
  • Користење на сите релеватни дизајнерски алатки (типографија, лого, колорит, графика, илустрација, фотографија, 3Д рендеринг) на соодветен начин
  • Обработка на фотографии
  • Подготовка на припреми за печат
  • Комуникација и координација со другите тимови во компанијата
  • Следење на светските трендови и најдобрите практики
  • Изработка  на дизајни и креативни решенија за изгледот на веб страната
  • Изработка на комуникациски планови за социјалните медиуми
  • Следење на маркетинг трендови

 

Потребни квалификации:

  • Работно искуство од минимум 2 години
  • Одлично познавање на Photoshop, Illustrator, Office пакет
  • Познавање на Lightroom ќе се смета за предност
  • Подготвеност за тимска и самостојна работа
  • Способност за развивање концепти
    • Посветеност и одговорност према задолженијата и работата
    • Флексибилност према работното време за период кога обврските го наложуваат тоа
    • Одлично познавање на Англиски јазик

 

Потребна документација

  • CV не постаро од 6 месеци
  • Пријавено соодветно образование во агенција за вработување
  • Останати сертификати од неформално образование би се сметале за предност
  • Портфолио на повеќе успешно развиени и имплементирани дизајни и креативи

 

Ние нудиме/ Вие добивате:

  • мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни
  • можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област
  • Средина која овозможува на своите вработени да растат паралелно со растот на b watch 1920

 

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

 

Ве покануваме доколку имате интерес и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате сите горенаведени точки, испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 12.07.2018 на application@b-watch.com.mk со назнака –“За работна позиција Графички Дизајнер”.