b watch 1920 вработува магационер и транспортер

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот за Магационер и транспортер.

Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се подготвени да се докажат и да ги научат неопходните вештини за продолжување на својата кариера со искусен тим во областа.

 

Краток опис на работните задачи и одговорности:

- грижа за имиџот на компанијата

- примена на стандардите за работа

- градење и негување добри односи со потрошувачите, колегите и претпоставените

- примена на организациски вештини во Магацинските простории

- ориентираност кон препознавање на потребите на продажните салони

- секојдневна достава на роба и потребни материјали за работа во Скопските подружници

- евиденција на документи и реверси за сервис

- превземање на часовници и накит од царински терминал

- одржување на хигиена во магацинските простории

 

Потребни квалификации:

- развиени комуникациски и организациски вештини и подготвеност за тимска работа

- желба за понатамошно учење и развој

- совесност, одговорност и самомотивираност

- флексибилност и способност за адаптација

- самоиницијативност

- трпеливост

- способност за работа под притисок

- најмалку завршено средно образование

- општо познавање на MC Office програмите и интернет

- возачка Б категорија

 

Потребна документација:

- CV не постаро од 6 месеци

- пријавено образование во агенција за вработување

 

 

Вие добивате:

- мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се на прво место.

- можност за зголемување на плата во првите 6 месеци.

- обуки за менаџирање во логистика, професионален и личен развој

- обука за продажба на часовници и накит

- можност за работа со докажан тим за продажба.

 

Предност ќе имаат апликанти со работно искуство во областа на логистика, транспорт и комерција.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .

 

Ве покануваме доколку имате интереси и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата  и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 20.12.2018 на application@b-watch.com.mk.

 

 

                                                                                                                                                        Ве очекуваме,

                                                                                                                                                        Тимот на b watch 1920