b watch 1920 вработува продажен асистент во ТЕТОВО

B watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од продажни асистенти во Tетово.

Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се подготвени да се докажат и научат неопходни вештини за започнување на својата кариера со искусен тим за продажба.

 

Краток опис на работните задачи и одговорности:

- прием и изложување на роба согласно пропишани процедури
- одржување на хигиена во продажниот салон
- примена на стандардите за работа
- грижа за имиџот на фирмата
- ориентираност кон потреби на потрошувачи
- градење и негување добри односи со потрошувачите
- презентирање на нови производи и акции
- примена на продажни вештини
- евиденција на документи во малопродажба

 

Потребни квалификации:

- најмалку 4 степен ССС
- општо познавање на MC Office програмите и интернет
- способност за работа под притисок
- препознавање на потребите на клиентите
- желба за понатамошно учење и развој
- развиени комуникациски вештини и подготвеност за тимска работа
- совесност , одговорност и самомотивираност
- трпеливост
- самоиницијатива
- флексибилен/ способност за адаптација

 

Потребна документација:
- CV не постаро од 6 месеци
- пријавено образование во агенција за вработување

 

Ние нудиме/ Вие добивате:
- мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни
- можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област

 

Предност ќе имаат апликанти со работно искуство од било каков тип и комуникација со клиенти.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .

 

Ве покануваме доколку имате интереси и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата  и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 12.06.18 на application@b-watch.com.mk.