b watch 1920 вработува store manager во Скопје

b watch 1920 како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот- Менаџери на продажен салон.

Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се подготвени да се докажат во областа на водење на тим и водење на продажен салон и да ги научат неопходните вештини за продолжување на својата кариера со искусен тим за продажба, водење и унапредување.

 

Краток опис на работните задачи и одговорности:

- грижа за имиџот на компанијата и примена на стандарди за работа

- градење и негување добри односи со потрошувачите и препознавање на нивните потреби

- мотивирање и координирање на тимот во продажниот салон

- следење на продажбата и постигнување на таргет во продажниот салон

- следење на залиха на часовници и накит во продажен салон

- одржување на состаноци и изработка на неделни извештаи поврзани со работењето на салонот

- примена на стандардите за изглед на продажен салон

- презентирање на нови производи и акции

- одговорност за документи во малопродажба

- прием и изложување на часовници и накит согласно пропишани процедури

 

Потребни квалификации:

- претходно работно искуство минумум 2 години на иста или слична позиција

- развиени комуникациски вештини и водење на тим

- желба за понатамошно учење и развој

- совесност, одговорност и самомотивираност

- флексибилност и способност за адаптација

- самоиницијативност

- трпеливост

- способност за работа под притисок

- завршено високо образование

- познавање на MC Office програмите и интернет

- познавање на англиски јазик- ниво Б1

 

Потребна документација:

- CV не постаро од 6 месеци

- пријавено образование во агенција за вработување

- препорака од претходно работно место

 

Вие добивате:

- мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се на прво ниво.

- можност за работа со докажан тим за продажба и единствена шанса за унапредување на знаењето во областа на менаџирањето.

 

Предност ќе имаат апликанти кои го имаат потребното работно искуство во продажба и комуникација со клиенти, кандидати со поминати обуки за лидерство, комуникациски вештини, решавање на конфликти.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .

 

Ве покануваме доколку соодвествувате со опишаниот профил и ги исполнувате горенаведените точки за позицијата Менаџер на Продажен Салон, испратете ја Вашата апликација со професионална биографија најдоцна до 31.10.18 на application@b-watch.com.mk.

 

 

Број на потребни кандидати за позицијата Менаџер на Продажен Салон :  3

 

Ве очекуваме,

Тимот на b watch 1920