b watch 1920 вработува

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба
од проширување на тимот асистенти за продажба во Скопје и Охрид.
Потребни ни се кандидати на возраст од 20 до 30 години кои се подготвени да се докажат и научат неопходни
вештини за продолжување на својата кариера со искусен тим за продажба.


Краток опис на работните задачи и одговорности:

- грижа за имиџот на компанијата
- примена на стандардите за работа
- градење и негување добри односи со потрошувачите
- ориентираност кон препознавање на потребите на потрошувачите
- примена на продажни вештини
- презентирање на нови производи и акции
- евиденција на документи во малопродажба
- прием и изложување на часовници и накит согласно пропишани процедури
- одржување на хигиена во продажниот салон


Потребни квалификации:

- развиени комуникациски вештини и подготвеност за тимска работа
- желба за понатамошно учење и развој
- совесност, одговорност и самомотивираност
- флексибилност и способност за адаптација
- самоиницијативност
- трпеливост
- способност за работа под притисок
- најмалку завршено средно образование
- општо познавање на MC Office програмите и интернет


Потребна документација:

- CV не постаро од 6 месеци
- пријавено образование во агенција за вработување


Вие добивате:

- мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се на прво ниво.
- можност за работа со докажан тим за продажба и уникатна шанса за унапредување на знаењето во областа на
продажба.

Предност ќе имаат апликанти со работно искуство во продажба и комуникација со клиенти.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .

Ве покануваме доколку имате интереси и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате
сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 15.05.2018 на
application@b-watch.com.mk.

 

Ве очекуваме.

image1