Оглас за продажен асистент во Охрид

B watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот продажни асистенти во Охрид.

 

Потребни ни се кандидати кои се подготвени да се докажат и научат неопходни вештини за започнување на својата кариера со искусен тим за продажба.

 

Краток опис на работните задачи и одговорности:
– прием и изложување на роба согласно пропишани процедури
– одржување на хигиена во продажниот салон
– примена на стандардите за работа
– грижа за имиџот на фирмата
– ориентираност кон потреби на потрошувачи
– градење и негување добри односи со потрошувачите
– презентирање на нови производи и акции
– примена на продажни вештини
– евиденција на документи во малопродажба

 

Потребни квалификации:
– најмалку 4 степен ССС
– општо познавање на MC Office програмите и интернет
– способност за работа под притисок
– препознавање на потребите на клиентите
– желба за понатамошно учење и развој
– развиени комуникациски вештини и подготвеност за тимска работа
– совесност, одговорност и самомотивираност
– трпеливост
– самоиницијатива
– флексибилен/ способност за адаптација

 

Потребна документација:
– CV не постаро од 6 месеци
– пријавено образование во агенција за вработување

 

Ние нудиме/ Вие добивате:
– мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни
– можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област

 

Предност ќе имаат апликанти со работно искуство од било каков тип и комуникација со клиенти.
Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920.

 

Ве покануваме доколку имате интереси и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 22.03.19 на application@b-watch.com.mk.