Оглас за агент за големопродажба

b watch 1920 со својата 100 годишна традиција на пазарот во Македонија, се докажа како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници, накит и очила за сонце од светски познати брендови.

Нашата главна цел е преку регрутација и мотивација на кандидатите за вработување, да ги пронајдеме и задржиме најдобрите вработени. Нивниот позитивен став, желбата за докажување и резултатите се примарни работи кои оваа компанија ги цени и вреднува, а за истите обозможуваме позитивен баланс помеѓу работното време и нивниот личен живот.

Потребни ни се кандидати кои се подготвени да се докажат и научат неопходни вештини за започнување на својата кариера со искусен тим за продажба.

b watch 1920 има потреба од вработување на 1 агент за големопродажба:

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум ВСС
  • Поседување на одлични продажни вештини
  • Претходно работно искуство во делот на малопродажба и големопродажба ќе се смета за предност.
  • Поседување на возачка дозвола В – категорија
  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти
  • Градење и негување добри односи кон деловните клиенти
  • Самоиницијатива
  • Познавање на работа со компјутери, Microsoft office и интернет пребарувачи
  • Одлично познавање на Англиски јазик

КРАТОК ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Големопродажба на часовници,  накит и очила за сонце
  • Изнаоѓање на потенцијални деловни клиенти
  • Промовирање на производите
  • Превоз и дистрибуција
  • Грижа за имиџот на компанијата
  • Ориентираност кон потребите на деловните клиенти

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

  • CV не постаро од 6 месеци
  • Пријавено образование во агенција за вработување

Регрутација на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920.