Оглас за вработување – графички дизајнер

b watch 1920 со својата 100 годишна традиција на пазарот во Македонија, се докажа како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници, накит и очила за сонце од светски познати брендови.

Нашата главна цел е преку регрутација и мотивација на кандидатите за вработување, да ги пронајдеме и задржиме најдобрите вработени. Нивниот позитивен став, желбата за докажување и резултатите се примарни работи кои оваа компанија ги цени и вреднува, а за истите обозможуваме позитивен баланс помеѓу работното време и нивниот личен живот.

Потребни ни се кандидати кои се подготвени да се докажат и научат неопходни вештини за започнување на својата кариера со искусен тим за продажба.

b watch 1920 има потреба од проширување на маркетинг тимот.

Потребни ни се кандидати кои се подготвени да се докажат и да ги научат неопходните вештини за продолжување на својата кариера со искусен тим во областа.

Краток опис на работните задачи и одговорности:

– Креирање на дизајн за принт и онлајн медиуми
– Креирање и имплементација на онлајн и офлајн кампањи
– Следење на светските трендови за маркетинг и дизајн
– Координирање со маркетинг лица и агенции за принт
– Активно водење според моделот plan, do, review
– За координирање и за одговорноста за својата работа одговара пред Топ Менаџментот.

Потребни квалификации:

– Одлично познавање на Adobe Photoshop и Adobe Illustrator.
– Задолжително работно искуство од минимум 2 години.
– Пожелно завршено високо образование
– Посветеност и одговорност према задолженијата и работата
– Флексибилност према работното време за период кога обврските го наложуваат тоа
– Одлично познавање на Англиски јазик
– Желба за понатамошно учење и развој
– Совесност , одговорност и самомотивираност

Потребна документација:

– CV не постаро од 6 месеци
– Пријавено соодветно образование во агенцијата за вработување
– Останати сертификати од неформално образование би се сметале за предност
– Портфолио на повеќе успешно развиени и имплементирани проекти

Вие добивате:

– Мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни
– Можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област
– Средина која овозможува на своите вработени да растат паралелно со растот на b watch 1920

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Ве покануваме доколку имате интереси и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата  и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија со назнака ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР преку полето Аплицирај или на application@b-watch.com.mk.